Вести

Hugh Jackman ги отвара Brit Awards

Наградуваниот актер Hugh Jackman ќе ги отвори Британските музички награди со специјална изведба од глобалниот музички феномен “The Greatest Showman”. Неговиот настап ќе биде под креативната палка на режисерот на овој филмски хит Michael Gracey. Hugh Jackman создаде успешна кариера на големиот екран и на сцената – од Бродвеј до филмскиот блокбастер “X Men” тој се докажа како еден од најразноврсните актери на своето време.
Повеќе

Pink со награда и настап на Brit Awards

Глобалната поп икона Pink е добитник на престижната награда за Особен придонес кон музиката и ќе биде првиот интернационален изведувач кому му се доделува почеста во рамките на Британските музички награди. Меѓу претходните добитници на оваа награда се Elton John, David Bowie, Queen, Spice Girls, U2, Paul McCartney, Oasis, Robbie Williams и Blur.
Повеќе

Calvin Harris со деби на Британските музички награди

Супер успешниот шкотски диџеј и продуцент Calvin Harris ќе го има своето деби на Британските музички награди како изведувач. За оваа посебна пригода тој се потруди да има настап за кој долго ќе се зборува бидејќи на сцената ќе биде придружен од три големи британски ѕвезди и БРИТ добитници – Dua Lipa, Sam Smith и Rag’n’Bone Man. Тие се приклучуваат кон листата изведувачи составена од 1975, George Ezra, Little Mix и Jorja Smith.
Повеќе

The 1975 ќе настапат на Brit Awards

Најдобро приодаваниот британски бенд во моментов, The 1975 ќе настапи на Британските музички награди, приклучувајќи им се на George Ezra, Little Mix и Jorja Smith на листата изведувачи. “Почестени сме што сме номинирани во две категории за претстојните Британски музички награди и возбудени сме што ќе се вратиме во О2 Арената за да настапиме на сцената. Шоуто ќе биде извонредно,“ се вели во изјавата потпишана од момците.
Повеќе

Објавени првите изведувачи на Brit Awards

Jorja Smith, George Ezra и Little Mix ќе настапат на претстојните Британски музички награди. Освен што ќе настапува George Ezra е номиниран за Најдобар британски машки изведувач, Најдобар британски албум (за “Staying at Tamara’s”) и Најдобар британски сингл (за “Shotgun”).
Повеќе
12345678910...
Музички времеплов
  • 1950 - Роден е соул пејачот Teddy Pendergrass (1978 USА No.25 'Close The Door', 1994 UK No.35 'The More I Get The More I Want').
  • 1980 - Police стануваат западна поп група по 10 години што одржува концерт во Бомбај.
  • 2000 - UK No.1 Melanie C 'Never Be The Same The Again'
  • 1988 - UK No.1 Aswad 'Don't Turn Around'
  • 1969 - UK No.1 Marvin Gaye 'I Heard It Through The Grapevine'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје