Холандскиот Eurosonic Noorderslag (ESNS), еден од најголемите и највлијателните европски фестивали и музички конференции, го најави своето издание во 2021 година со повеќе од 100 изведувачи и говорници. Поради пандемијата, новото издание на Јуросоник во целост ќе биде виртуелно, а ќе се одржи од 13 до 16 јануари. Во неговата 35-та година по ред ја продолжува својата мисија на промоција на нова европска музика.