Антена 5 Вести

Познат победникот на Critic’s Choice

Објавен е победникот на Critic’s Choice наградата во рамките на Британските музички награди 2019. Тоа е Sam Fender.

Тој ја добива наградата во значаен момент за неговата кариера. Во последните месеци беше зафатен со турнеја низ Британија и Европа, полека градејќи ја својата армија на лојални фанови. Овој млад музичар со база во Њукасл неодамна го издаде и своето деби  EP, “Dead Boys”.

За Critic’s Choice наградата годинава беа номинирани уште Lewis Capaldi и Mahalia. Наградата им се доделува на талентирани музичари на кои им се предвидува успех во  годината која претстои, а во која треба да го издадат својот деби албум. За победникот гласа специјален експертски тим составен од музички уредници во поголемите британски весници, музичките и лајф списанија и музичките веб сајтови, како и главните луѓе од големите ТВ и радио станици.

Претходни добитници на Critic’s Choice наградата се Adele, Florence + The Machine, Emeli Sande, Sam Smith, Rag’n’Bone Man и Jorja Smith.

Номинациите за Британските музички награди 2019 ќе бидат објавени на 12 јануари, а новото издание на наградите ќе се одржи на 20 февруари во лондонската Арена.

28.12.2018
Музички времеплов
  • 1979 - USА No.1 Barbra Streisand & Donna Summer 'No More Tears, Enough Is Enough'
  • 1961 - Роден е Paul King, лидер на King и водител на MTV и VH 1. 'Love And Pride'
  • 1974 - Тапанистот на The Who, Keith Moon, колабира зашто пијалокот му бил измешан со дрога. 19-годишниот Scott Halpin кој е во публиката, добротворно се пријавува да го замени на тапани за групата да ги отсвири останатите 3 песни.
  • 1971 - USА No.1 Isaac Hayes 'Theme From Shaft'
  • 2000 - Mel C од Spice Girlѕ открива дека ја напушта групата.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје