Настани

Најголемите светски ѕвезди го потврдија доаѓањето на Сонус фестивалот 2019!

18.08.2019 10:00 - 23.08.2019 23:00

Откако неодамна го објави датумот на одржување на своето седмо издание, Сонус фестивалот ги објави имињата на првите 42 изведувачи кои ќе настапуваат во периодот од 18 до 23 август во клубовите на плажата Зрче на островот Паг.

Во текот на пет дена и пет ноќи организаторите на Сонус фестивалот на посетителите им осигураа незаборавно музичко искуство под отворено небо на само неколку метри од Јадранското море, заедно со некои од најзвучните имиња на светската техно и хаус музичка сцена.

После извонредниот дебитантски настап на Сонус минатата година, меѓу првите изведувачи кои го потврдија своето гостување е младата, но планетарно позната - – Amelie Lens. Richie Hawtin и Sven Väth веќе се дел од Сонус семејството и го следат фестивалот од самите почетоци, па нема да го пропуштат доаѓањето на Паг. Заедно со милениците на Berghain звукот Chris Liebing и Len Faki, на Сонус по првпат ќе настапат Dax J и Ben Klock, но и релативно новото име на музичката сцена - I Hate Models кое веќе може да се пофали со голем број фанови ширум светот.

Како и секогаш на Сонус, љубителите на минимал техното можат да го очекуваат настапот на водечката дама на овој звук која годинава приреди спектакл на фестивалот #WELOVESOUND во Загреб - Sonja Moonear. Повторно се враќа и париското трио Apollonia. За Сонус особено е врзан маестро Ricardo Villalobos, заслужен за традиционалните after-журки, кој ќе настапи на фестивалот по седми пат, но овојпат со “шефот” на Perlon етикетата  – Zipa.

Треба да го споменеме и доаѓањето на миленикот на домашната, но и светска публика - Solomun кој повторно се враќа на плажата Зрче. После извонедно успешната сезона на Ибица, се враќаат и претставниците на Afterlife - Tale of Us, редовните гости на Сонус - Seth TroxlerJamie Jones, но и Magdalena и Daniel Avery.

Според првите најавени имиња може да очекуваме дека #WELOVESOUND и Time Warp, кои стојат зад организацијата на Сонус гфестивалот, ќе испорачат еден од најимпресивните програми за 2019 година во Европа, но и пошироко.

За повеќе информации, следете го Сонус фестивалот на социјалните мрежи

Facebook: https://www.facebook.com/insoundwetrust/  

Instagram: https://www.instagram.com/welovesound/

Facebook event: https://www.facebook.com/events/2361433433929556/

 ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ КОН НАШАТА VIBER ЗАЕДНИЦА ПРЕКУ ВАШИОТ МОБИЛЕН

 https://vb.me/sonus2018community

 Први објавени имиња (по азбучен редослед):
– Adriatique – Amelie Lens – Andrea Oliva - Apollonia - Ben Klock - Binh - Boris Brejcha - Chris Liebing - Daniel Avery - Dax J  - Dorian Paic - Enrico Sangiuliano - Henrik Schwarz - I Hate Models - Jamie Jones - Joey Daniel - Joseph Capriati - Kobosil - Kolsch - Konstantin Sibold - La Fleur - Len Faki - Loco Dice - Luigi Madonna - Maceo Plex - Magdalena - Marco Carola - Pan-Pot - Patrick Topping & Richy Ahmed - Ricardo Villalobos - Richie Hawtin - Rødhåd - Seth Troxler - SHDW & Obscure Shape - Solomun - Sonja Moonear - Sven Väth - Tale Of Us - Valentino Kanzyani - Voigtmann – Zip

Музички времеплов
  • 1969 - Роден е Kevin Thornton од Color Me Bad, (1991 UK No.1 'I Wanna Sex You Up', 1991 US No.1 'I Adore Mi Amor').
  • 1979 - UK No.1 Anita Ward 'Ring My Bell'
  • 1972 - UK No.1 Don McLean 'Vincent'
  • 1978 - USА No.1 Andy Gibb 'Shadow Dancing'
  • 1947 - Роден е Paul Young (1979 UK No.3 'Every Day Hurts') и дел од Mike and the Mechanics (1989 UK No.2 'The Living Years').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје