Антена 5 Вести

Katy Perry ќе настапи на Brit Awards

Американската ѕвезда Katy Perry се приклучи кон листата изведувачи на претстојните Британски музички награди. Тоа ќе биде нејзин прв настап во живо на британските ТВ екрани после три години.

“Возбудена сум што ќе се вратам во една од моите омилени земји откаде доаѓаат некои од моите најголеми музички влијанија. Возбудена сум што после три години ќе се вратам на сцената на Brit Awards,“ се огласи Perry.

Своето враќање на сцената Perry го најави со настапот на Греми наградите кои се одржаа во неделата во Лос Анџелес,  а на кои го изведе новиот сингл “Chained To the Rhythm”.

Претходно, беше објавено дека на Британските музички награди ќе настапат Bruno Mars, Ed Sheeran, Robbie Williams, Skepta, The 1975, Little Mix и Emeli Sande. Како водители на манифестацијата се ангажирани Dermot O’Leary и Emma Willis.

Наградите ќе бидат емитувани во живо на Антена 5 радио.  

14.02.2017
Музички времеплов
  • 1946 - Роден е Barry Whitwam, тапанист во Herman's Hermits. 'I'm Into Something Good'
  • 1947 - Роден е легендарниот пејач и текстописец Cat Stevens. Во 1977 година ја прифаќа муслиманската религија и си го менува името во Yusef Islam. Се потсетуваме на неговата класика Father And Son.
  • 2002 - Во сообраќајка загинуваат пордуцентот Gus Dudgeon и неговата сопруга Sheila. Dudgeon е најпознат по соработката со Elton John.
  • 2004 - По долга борба со ракот, на 75 години умира композиторот Jerry Goldsmith, најпознат по музиката за серијата ‘Ѕвездени патеки’.
  • 1996 - Раперот NAS започнува 4-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'It Was Written'. If I Ruled The World
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје