Настани

Sea Dance 2016

14.07.2016 20:00 - 16.11.2016 23:00

Годинашната Exit авантура забележа над 270.000 посетители од над 60 земји во светот. Во текот на четирите фестивалски денови во Нови Сад во рамките на Exit фестивалот и трите фестивалски дена во Будва во рамките на Sea Dance фестивалот настапија некои од најголемите светски музички ѕвезди.

Третото издание на Sea Dance фестивалот се одржа на плажата Јаз во Будва од  14 до 16 јули 2016 и помина во одлична атмосфера и покраj невремето кое го зафати црногорскиот брег. Меѓу изведувачите беа Stereo MCs, Andy C, Black Coffee, Sister Bliss од Faithless, Jeff Mills, Lost Frequencies, Banco de Gaia, Zomboy, Goldie, Sub Focus, Shy FX. На првата фестивалска вечер настапи Skrillex кој, како и две години претходно на Exit во Нови Сад, имаше извонреден настап. За завршницата на фестивалот беше резервиран настапот на дуото од Манчестер - Hurts.

Музички времеплов
  • 1992 - George Michael започнува судски процес против Sony Records во врска со договорот со компанијата; ќе го изгуби случајот во 1994 г. и по 10 години повторно ќе соработува со Sony.
  • 1940 - Роден е Manfred Mann (1964 UK & USА No.1 'Do Wah Diddy Diddy').
  • 1997 - Синглот на Elton John, 'Candle In The Wind 97', влегува во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван сингл на сите времиња со тираж од 31,8 милиони копии за 40 дена. Синглот собира 20 милиони фунти за добротворни цели.
  • 2001 - Steps започнуваат двонеделен престој на првото место на брит. листа со албумот 'Gold The Greatest Hits'.
  • 1971 - Роден е Tony Mortimer од East 17 (1994 UK No.1 'Stay Another Day' и уште 15 други британски топ 40 синглови).
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје